Балкан
24. October 2015 - 20:12

Почна протестот на опозицијата во Подгорица

На централниот плоштад во Подгорица вечерва околу 19 часот почна протестот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ), јави Танјуг.

Демократскиот фронт, кој веќе 20 дена оддржува протести во Подгорица, бара оставка на Владата на Мило Ѓукановиќ и оддржување предвремени парламентарни избори.

Полицијата го дозволи собирот, а претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, ги повика организаторите да се потрудат нивното собирање да мине мирно и без загрозување на уставниот поредок на земјата.

Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните во прошетка до зградата на Парламентот.