Македонија
27. May 2017 - 17:15

Почна полагањето на државната матура - денеска се полагаше мајчин јазик и литература

Без проблеми стратуваше државната матура во средните училишта, велат надлежните. Матурантите полагаа  мајчин јазик и литература. За македонски јазик се пријавени 10 илјади 632 матуранти, 5 илјади 120 за албански јазик и 418 за турски јазик. Тестирањето  започна во 10, а траеше цели 4 цаса. Обемот на испитниот материја  е голем, но на учениците им е дадено доволно време за да одговорат на тестот ни објасни директорката на скопската гимназија Јосип Броз Тито.

Покрај денешниот испит, матурантите ќе полагаат уште два предмета, односно ќе бираат помеѓу математика и странски јазик, како втор предмет и еден од изборен во зависност од афинитетите за запишување на соодветен факултет.

Последниот екстерен испит ќе се полага на 14 јуни, а првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, не информираа од државниот испитен центар.

За оние кои нема да полажат во јунскиот испитен рок, останува август. Учениците кои ке положат  државна матура имаат поголема предност во запишувањето на факултет пред средношколците кои се одлучиле за училишна матура или за завршен испит.