Бизнис
6. February 2017 - 19:37

Почна, па запре пропуштањето на македонските цистерни на Евзони, голготата на камионџиите трае 8 дена

Блокадата на граничниот премин Евзони се уште трае. Грчките земјоделци не попуштаат. Напротив, се закануваат дека ќе ги радикализираат протестите.

Не се исклучува можноста за блокада и на преминот во Дојран и Кристалопиги, со албанска граница. 8 ден трае голготата на македонските превозници.  

Утрово само една цистерна која превезува керозин е пропуштена. Останатите 14 со запаливи материи,  чекаат помош од надлежните

Штетите за македонските превозници се огромни. Колоната со камиони е долга речиси 5 километри. Покрај 15 те цистерни со специфичка стока, згалавени се и храна, мебел, облека.

-Еден ден што не возат, во просек  се плаќа 100 евра по камион. Најскапа тарифа е за цистерните кои возат специфична стока. Тие плаќаат по  450 евра од ден. Значи во просек  дневно губат  по 250 евра. Но покрај материјалната штета, тие трпат и нематеријална.  Спијат во 2 квадрати во камионот, на минусни темератури,  секој ден мора да купуваат храна, да се греат, им требаат лекови и слично,  изјави Билјана Муратовска, од Здружението на превозниции Макамтранс.

За сега, отворени се премините Дојран и Меџитлија, но овде не  смее да се царини акцизна стока. Затоа превозниците бараат од надлежните -  во вакви услови кога не се знае до кога ќе траат блокадите, да ги пропуштат барем на преминот во Гевгелија. Одговор од грчка страна, се уште нема.