Бизнис
17. November 2016 - 19:56

Почна откупот на тутун - Родот квалитетен, се очекува повисока цена

Вториот ден од почетокот на предвремениот откуп на тутунот во прилепско, ветувачки и за тутунопроизводителите, а и за откупувачите. Родот е квалитетен, а и проценката се врши согласно квалитетот, констатираа денеска во Прилеп, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски, кои го посетија откупниот пункт на “Алијанса – Кавадарци”.

Засега, во предвремениот откуп на тутунот вклучени се три откупни компании од вкупно десетте кои ги исполнуваат законски предвидените услови за откуп. Останатите седум треба да се вклучат идната недела. Годинава се очекува да бидат откупени 20 илјади тони тутун, наспроти побарувањата од 26 илјади, заради што тутунопроизводителите оправдано се надеваат на повисоки откупни цени во однос на ланските