Македонија
7. October 2017 - 13:36

Почна "Кавадаречка културна есен"

Започна манифестацијата "Кавадаречка културна есен", а во наредните шеесетина дена љубителите на културата ќе имаат можност да проследат исто толку интересни настани. 

Стартот на традиционалната манифестација беше означен синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе" од Кавадарци.

Присутните најпрвин имаа можност да слушнат избор од македонски песни, изрецитирани од Крсте Јованов, актер од театарот "Комедија".

Во продолжение на вечерта, вљубениците во културата го проследија настапот на етно составот "Баклава".

- Кавадарци е град кој може да се пофали со многу повеќе културни збиднувања дури и од некои поголеми градови, рече меѓу другото Владимир Темков, директор на културниот дом.

Тој најави низа други интересни настани од културата, во рамките на манифестацијата.