Бизнис
19. September 2017 - 19:37

Почна јавната расправа за владиниот план за економски раст

Да не се условуваат фирмите да исплаќаат повисоки плати за да добијат државна помош, субвенциите да не се однесуваат за сите извозници туку само за нето извозниците односно оние кои успеваат да продадат повеќе отколку што увезуваат од странските пазари.

Меѓународните  инситуции со критики и сугестии за новиот пакет мерки на владата кој треба да обезбеди поголем економски раст и нови работни места. 

Сметаат дека вакви мерки се добредојдени но дека државата треба да направи поголема анализи за тоа колку ќе биде потрошено а колкава ќе биде добивката за домашната економија. Посочија дека  сите мерки треба да бидат еднакво вреднувани односно за секоја да има исто пари. 

Од владата пак потенцираа дека  за овие мерки нема да бидат потрошени повеќе од 30 милиони евра. Целат е државната помош  да ги добијат сите оние кои ќе генерираат повисоки приходи и ќе отворат нови работни места. Но потенцира дека ова не е конечна верзија за пакетот мерки кој треба да ја подобри македонската економија.

Новиот пакет мерки се состои од помош за инвестиции, за извозни компании и за мали и средни бизниси. Мерките важат подеднакво и за странските и за домашните фирми.