Почна изградбата на спортското игралиште во Василево
Почна изградбата на повеќенаменско спортско игралиште во населеното место Добрашинци во општина Василево. Игралиштето се гради во дворот на училиштето, а освен учениците во редовната настава по физичка култура, ќе го користат и останатите жители на селото.
-Опременоста со рефлектори ќе овозможи спортување и во ноќните часови. Средствата за изградба на ова игралиште изнесуваат околу 3.250.000 денари и се обезбедени од буџетот на општина Василево. Игралиштето ќе биде со стандардни димензии и опремено со стативи и кошеви со што ќе може да се практикуваат повеќе спортови. Изведувач на градежните работи е компанијата Пешо инженеринг, рече градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов.
Истовремено финишираа градежните активности на спортското игралиште во село Дукатино, за што беа потрошени 3,1 милион денари од општинскиот буџет.
-Општината вложи многу во изминатиот период во спортската инфраструктура, а во сето тоа ни помогна Владата на РМ, Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт. Добрата соработка со АМС се надевам дека ќе продолжи и во наредниот период и ќе резултира со реализација на уште многу други проекти во нашата општина, додаде Стојанов.
Во наредниот период, според Стојанов, во насока на исполнување на програмата на општина Василево ќе следува и изградба на по едно повеќенаменско игралиште во Едрениково и Чанаклија со што, според локалните власти, спортската инфраструктура во сите населени места ќе биде заокружена.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда