Македонија
19. February 2016 - 12:24

Почна изградба на нова улица во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица почна со изградба на улица на барање на граѓаните кои сега имаат полесен пристап до центарот на градот.

Улицата ќе ги поврзува улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ со централното градско подрачје и ќе биде долга 80 метри, а широка 5,5 метри. 

- Со ова поврзување на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ значително ќе се олесни пристапот на граѓаните до центарот на градот, но ќе биде подобрен и сообраќајниот пристап во овој дел од Македонска Каменица, истакна Васко Десподовски од таа општина.

Проектот предвидува и изградба на бетонски потпорен ѕид во должина од 75 метри и се реализира со финансиски средства од буџетот на општината. Улицата треба да биде завршена до јули.