Бизнис
18. May 2017 - 16:20

Почна исплатата на субвенциите за земјоделците

Почна исплатата на земјоделските субвенции. Над 7,5 милиони евра легнаа на сметките на земјоделците. Министерството за финансии денеска почна со исплаќањето, веднаш по објавувањето на вчерашната одлука на Уставниот суд во Службен весник со што беа отстранети  сите законски пречки.

Државата целосно ги подмири обврските по однос на заостанати субвенции од 2015 та година, пари земаа производителите на фуражни култури, житарици ориз како и лозарите, овоштарите и сточарите. Исплатен е и мал дел на субвенции од минатата година, за млеко и оризопроизводители.

Од Финансии соопштуваат дека исплатата ќе продолжи и наредните денови согласно предвидената динамика на Платежната агенциија.

Министерството за финасии остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај бројните шпекулации изминатиов период. Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии почна со исплатата на субвенциите на земјоделците, велат од финансии.

Од Платежната агенција информираат дека  следни за исплата се субвенциите од минатата година за градинарите, овоштарите лозарите како и сточарите.  Вкупно до 30 ти јуни треба да се исплатат 84,5 милиони евра субвенции за 2016.