-->
-->
Почна Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2016
-->
Со традиционалното дефиле на мажоретки, ревијален настап на дувачки оркестри од Бугарија и Србија и со концертот на Миле Кузмановски, синоќа започна Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2016 што го проследија илјадници гости од земјава и од соседството.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, кој го отвори фестивалот истакна дека е задоволен што Пехчево успеа и оваа година да го организира фестивалот со кој се продолжи малешевската традиција на дувачките оркестри.
- Фестивал за кој мислам дека оваа вечер сме најмногу подготвени, дигнитетот на фетсивалот оваа година очекуваме да биде многу поголем, имаме многу познати имиња од естрадата. Овој фестивал го оргнаизираме на Павловден, бидјеќи ние со векови го прославуваме како празник на градот. Фестивалот и традицијата на трубите ја пакуваме како туристичка понуда , а туризмот ни е економски двигател на овој регион, рече Поповски.
Поповски додаде дека интересот за настап на групи од соседството е голем.
- Имавме голем интерес од дувачки оркестри од Србија, Бугарија, се јавуваа и од Албанија и Грција. Тоа сето ни дава за право да рзамислиме за воведување измени во досегашната структура и да воведеме меѓународна натпреварувачка вечер на кој ќе ја одмерат виртузоноста, трубачите од целиот Балкан, рече Поповски.
Годинава за златната труба на Пехчево се натпреваруваат шест дувачки оркестри од земјава. Музиката од дувачките оркестри и концертите на балканските ѕвезди Рајна и Саша Ковачевиќ најавени за петок и сабота се очекува да ја донесат кулминацијата на фестивалските денови.
Фестивалот е подржан од спонзори и од Министерството за култура.
Инаку, во рамки на фестивалот в сабота се организира и планинарски марш „Буковиќ 2016“ со маршута од Пехчево-Буковиќ- Врв Кадиица, а ќе се посети и локалитетот на раритетното растение, DROSERA ROTUNDIFOLIA, односно инсектојадното растение. На овој марш најавено е учество на 150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право