Македонија
17. July 2015 - 21:16

Почна асфалтирањето на дел од експресниот пат Велес - Штип

Во втора фаза е изградбата на експресниот пат Велес - Кадрифаково. Се работи на делница долга девет километри. Предвидено е асфалтирањето да заврши до почетокот на септември. Во првата фаза од реконструкцијата на овој патен правец се асфалтираа клучката кај Велес и делница долга шест и пол километри пред Лозово.

На делницата Велес-Кадрифаково претходно имаше дури 11 црни точки. Сега овој патен правец ќе овозможи безбедно одвивање на сообраќајот.

Од агенцијата за државни патишта велат дека во следниот период ќе се рехабилитираат уште пет регионални патишта. За нив е предвидено да се инвестираат над 20 милиони евра.

Инаку во следните две години, министерството за транспорт и врски планира да инвестира уште 100 милиони евра за изградба и реконструкција на патни правци во истокот на државата. Ќе се градат експресни патишта од штип кон Радовиш и Кочани а ќе се рехабилитираат регионални правци, кон Делчево, планината Голак и Македонска Каменица.