Живот
18. November 2017 - 21:28

Почина познатиот моден креатор, светските дами во солзи

Тунискиот моден креатор Азедин Алаја чии фустани ги носеа познатите дами од Холивуд до Белата куќа почина на 77 години.

Алаја со децении беше фален ширум Париз и покрај тоа што не учествуваше на модните ревии ниту водел впечатливи кампањи.

Меѓу омилените манекенки му била Наоми Кембел, додека Мишел Обама ги носеше неговите креации додека беше прва дама на САД.