Балкан
21. August 2017 - 11:26

Почина поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи

Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, почина рано изутринава во Истанбул, јавија приштинските медиуми.

Реџепи, пред неколку месеци доживеа мозочен удар, по што беше опериран во приштинска болница, а потоа падна во кома. Во таква состојба беше префрлен во болница во Истанбул, каде утрово почина.

Реџепи, роден во 1954 година, беше премиер на Косово од 4 март 2002 до 3 декември 2004 година. Тој по професија беше лекар и висок функционер на Демократската партија на Косово.