Македонија
19. January 2017 - 14:00

Почина новороденче во село Истибања

Новороденче, чии родители живеат во селото Истибања, Виничко, починало вчераутро, соопшти полицијата. 

Немилиот настан го пријавил дежурен лекар од Итната медицинска помош откако службата била повикана во домот на бебето.

Според полицијата, таткото забележал дека бебето, родено на 13 јануари годинава, не дава знаци на живот и било помодрено по телото. 

Тој и неговата сопруга живееле како потстанари во куќа, сопственост на К.П.

Од извршениот лекарски преглед е констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.