Свет
10. January 2017 - 23:48

Почина новинарката која ја објави најлошата вест

Денеска почина Клер Холингворт, новинарката која ја објави веста за почетокот на Втората светска војна.

Таа почина на 105 години во Хонгконг.

Холингворт се возела на германско – полската граница при што видела возила кои се упатиле кон Полска. Се јавила во британската амбасада во Варшава и ја пренела информацијата за инвазија на Полска.

Тој напад бил почеток на Втората светска војна, а веста е пренесена во целиот свет.

Холингворт работниот век го поминала во воените зони во Виетнам, северна Африка и Блискиот Исток.