Живот
17. November 2015 - 8:57

Почина најстариот Олимпиец

Досега најстариот жив учесник на едни Олимписки игри, Кинезот Гуо Јие, почина на 103-годишна возраст.

Гуо се натпреварувал на Олимписките игри во Берлин во 1936 година во дисциплината фрлање диск, при што постигнал кинески национален рекорд со должина од 41,07 метри, што сепак не било доволно да се пласира во финалето.

За да му оддаде почит на овој Олимпиец, Кинескиот олимписки комитет го вклучи Гуо меѓу носителите на факелот со олимпискиот оган на отворањето на Летната олимпијада во Пекинг во 2008 година.