Џет-Сет
11. January 2016 - 9:26

Почина легендарниот пејач Дејвид Боуви

По долга и тешка борба со карциномот, во 69-тата година од животот почина една од најголемите британски и светски музички легенди Дејвид Боуви.

– Денес почина во мир, опкружен со семејството, по храбрата 18 месечна битка со ракот. Иако многу од вас ќе ја поделат оваа загуба со нас, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството за време на тагувањето, стои во соопштението објавено на профилите на социјалните мрежи во сопственост на пејачот.