Живот
26. May 2017 - 15:35

Почина „Кралицата на кашмирот“

Италијанската модна дизајнерка Лаура Бјаџоти, позната како „Кралица на кашмирот“, почина на 74-годишна возраст како последица од срцев удар, соопшти денеска нејзината ќерка.

Бјаџоти доживеала срцев удра во средата вечерта во нејзиниот дом во Рим. Лекарите успеале да ја реанимираат, но при ударот дошло до тешко оштетување на мозокот, по што таа набрзо починала.

Лаура. која е родена на 4 август 1943 година, повеќе пати беше наградувана за својот труд во областа на модата.

Бјаџоти е една од првите италијански дизајнерки која ги освои светските пазари. Позната е по меката луксузна женска трикотажа со лежерен изглед, поради што и го доби прекарот „Кралица на кашмирот“.

Таа произведуваше и очила за сонце и парфеми, од кој најпознт е „Рим“.