Македонија
25. July 2017 - 15:32

Почина градежен работник по пад од скеле во Велес

Градежен работник од Велес денеска починал откако паднал од скеле при изведување градежни работи.
 
Според информацијата од СВР Велес околу 09.00 часот 69-годишниот Д.М. од Велес изведувајќи градежни работи на куќа која се наоѓа на ул.„Петре Милевски“ бр.11 во Велес паднал од скелето и од добиените повреди починал.
 
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по овластување од Основно јавно обвинителство - Велес увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.