Фудбал
26. јуни 2017 - 18:27

Почина Феликс Мурињо, таткото на Жозе

Според информацијата што ја објави португалскиот фудбалски клуб Виторија Сетубал почина Феликс Мурињо , татко на тренерот на М.Јунајтед Жозе Мурињо. 

Феликс Мурињо долго време е дел од Виторија во чии редови извршуваше функции на тренер и директор а како голман го освои Купот на Португалија во 1965 година по триумфот над Бенфика со 3:1 во финалето. За националниот тим настапи само еднаш, во 1972 година.

 
Жозе Мурињо на својот налог на Инстаграм објави црно-бела фотографија заедно со неговиот татко, но без никаков коментар околу неа.
 
Погребот на Феликс Мурињо е најавен за утре во Сетубал, град на 70 километри јужно од Лисабон.