Свет
17. јуни 2017 - 19:34

Почина архитектот на германското обединување

На 87- годишна возрастт почина Хелмут Кол, архитектот на обединувањето на Германија во 1990 година.   Поранешниот  германски канцелар одигра и значајна улога во промовирање на европската интреграција  и на воведувањето на заедничката европска  валута еврото.   Со жалење ја примив веста  истакна Меркел.

-Хелмут Кол беше одличен Германец и голем Европеец.Всушност, наследството на Хелмут Хол ги утврди двете најважни задачи на германската политика во последните деции-повторно обединување на нашата земја и обединување на Европа. Тој сфати дека двете работи се неразделни, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

По повод смртта  на Кол, телеграми со сочувство до  Меркел испартија бројни светски лидери. Телеграми упатија  и македонскиот претседател Горге Иванов,  премиерот  Зоран Заев,  како и лидерот на ВРМО ДПМНЕ Никола Груевски.