Фудбал
16. October 2017 - 15:19

Почетен удар и гол од центар!

Фудбалерот на Раднички од Пирот, Урош Филиповиќ, постигна спектакуларен гол по само пет секунди игра на дуелот со Јагодина.

Раднички од Пирот и Јагодина се натпреваруваат во Втората лига на Србија, а меѓусебниот дуел почна со гол каков што ретко се гледа во професионалниот фудбал.

Филиповиќ веднаш по почетниот удар од пола терен успеа да го совлада противничкиот голман.