Македонија
28. September 2017 - 8:18

Побрзи информации и поефикасен надомест за штети при сообраќајка за македонските возачи во Словенија

Учесниците во сообраќајот при несреќа во Македонија и Словенија ќе добиваат благовремени информации и поефикасен надомест на евентуална штета со Меморандумот што денеска треба да се потпиѓше меѓу националното биро за осигурувањена Македонија и Националното биро на Словенија.

Со потпишување на Договорот за заштита на посетители, во случај на сообраќајна незгода, било во Македонија или во Словенија, на учесниците во сообраќајната незгода ќе им бидат овозможени благовремени информации и поефикасен надомест на евентуални штети со посредување на Бирото на Словенија за наши граѓани во Словенија и на Бирото на Македонија за граѓани од Словенија, кои престојуваат или патуваат во Македонија, а им се случи незгода.

Меморандумот во Скопје ќе го потпишат Трајче Латиновски, генерален директор на Националното биро за осигурување на Македонија, а во име на Националното биро на Словенија, Маја Крумбергер, директор на оваа институција.

Националното биро за осигурување на Република Македонија досега има потпишано договори за заштита на посетители со националните бироа за осигурување на Србија, Турција, Грција, Хрватска, Бугарија, Швајцарија, БиХ, Луксембург и Црна Гора