Победникот на Евросонг во критична состојба примен во болница, мора на итна трансплатација на срце!
Салвадор Собрал итно е хоспитализиран, а како што пишуваат португалските медиуми пејачот мора на трансплатација на срце што поскоро.
Како што се наведува, тој е во животна опасност, а никој од семејството се уште не ги потврдил ниту пак демантирал овие информации.
Потсетуваме, претставникот на Португалија и победник на 62. Евросонг, Салвадор Собрал, се до финалето го чувал својот здравствен проблем далеку од јавноста. Тој победата ја однесе со песната "Amar Pelos Dois" и со емотивно изведување на истата, а за сето време колку што траеше Евровизија тој не проговори за неговите здравствени проблеми.
Потсетуваме на првите две проби на Евросонгот во Киев наместо Салвадор пееше неговата сестра Луиза (инаку композиторка), бидејќи Салвадор токму поради срцеви проблеми не можел да ја напушти земјата на подолг период.
- Неговиот лекарски тим е во Португалија и тој не може да биде надвор од земјата толку време. Членовите на комисијата на Евросонг се сложиле со тоа наместо него да ги одработам првите две проби - изјавила Луиза.
Инаку Салвадор последниот настап го имал на 8. септември, откако се повлече. Сите закажани концерти се откажани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација