Фудбал
30. December 2015 - 18:26

Победи на Реал и Малага

 
Во шпанското фудбалско првенство пред празнично се игра фудбал.
 
Во првите два натпревари од 17.коло во Примера, одиграни попладнево, во Мадрид екиоата на Реал славеше победа во дуелот со Сосиедад со 3:1, додека Малага го совлада Леванте со 1:0.
 
Во Мадрид, Реал, Кристијано Роналдо во 24.минута не успеа да реализира најстрога казна, но затоа во втората шанса од 11-местри во 42.минута Португалецот беше прецизен за водство на Реал од 1:0. По четири минути игра во вториот дел (49) Брума израмни на 1:1. Со својот втор гол во 67.минута Роналдо одново му донесе предност на Реал, за Лукас Васкез со погодокот во 86.минмута да ги постави конечните Реал Мадрид – Сосиедад 3:1.
 
На дуелот во Валенсија, победничкиот гол за Малага против леванте го постигна Дуда во 79.минута. 
 
Во останатите натпревари кои ќе се играат денеска се среќаваат: 
Севиља – Еспањол 
Рајо Ваљекано - Атлетико Мадрид
Еибар - Спортинг Хихон 
Барселона – Бетис 
Селта Виго - Атлетик Билбао 
Гетафе - Депортиво Ла Коруња и 
Лас Палмас – Гранада.
 
Утре колото ќе го заокружат Виљареал и Валенсија.