-->
-->
Победи на Металург и Охрид на ракометен турнир „Струга 2017“
-->
Екипите на Металург и Охрид забележаа победи во 3.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“.
Во рамките од А групата, македонскиот вицепрвак Металург забележа убедлива победа над домаќинот на турнирот Струга со 43-11 полувреме 20-7. Со тоа тимот од Автокоманда го освои второто место во групата, па запротивник во дуелот за 3.место ќе го има составот на Охрид кој беше подобар од шведскиот тим Алингсас од 28-27 полувреме 16-14.
Со овие два меча комплетирана е групната фаза, по што познати се и двојките во разигрувањето.
Така, денешната програма (од 18 часот) ќе ја отворат Струга и Алингсас со дуелот за 5.место. По нив ќе следува средбата за 3.место меѓу Металург и Охрид во терминот од 19:45 часот.
Во финалето од 21:30 часот ќе играат минатогодишниот победник францускиот Шартр и турскиот тим Бешикташ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење