Кошарка
28. February 2017 - 10:54

Победи на Кливленд и Голден Стејт

 
Главните фаворити за шампионскиот трофеј во НБА кошаркарската лига, Кливленд и Голден Стејт остварија нови победи. 
 
Шампионот Кливленд пред својата публика не дозволи изненадување во дуелот против Милвоки, па благодарение на серија од 12:0 во финишот од мечот, негативата од пет поени, на крјоат ја претвори во триумф со 102:95.
 
Кајри Ирвинг забележа забележа 25 поени, а Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ учлинок од 24 поени и 10 скока.
 
Голден Стејт против Филаделфија на гости славеше победа со 119:108, во меч во кој играчите од првата петорка на „воините“  заедно постигнаа дури 97 поени. Предводник беше Стеф Кари кој мечот го заврши со 19 поени. 
 
Демар Дерозен со вкупно 37 поени од кои 12 во последните три минути од натпреварот, беше најзаслужен за минималната победа на Торонто од 92:91 на гостувањето против Њујорк. 
 
На другите четири натпревраи кои се одиграа ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резутати: Бостон - Атланта 98:114, Далас - Мајами 96:89, Хјустон - Индијана 108:117, Сакраменто - Минесота 88:102.