Кошарка
14. December 2015 - 19:45

Победи на домашните екипи во НБА лигата

На сите четири натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска победија домашните екипи.

Торонто беше убедлив во дуелот со Филаделфија, додека Оклахома Сити дури во продолжението ја совлада Јута. Во регуларниот дел дуелот заврши 96:96, а во продолжението беше 8:2 за Оклахома. Кај победникот „двоецот“ Кевин Дјурант (31 поен) и Расел Вестбрук (25 поени) беа најефикасни.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Феникс – Минесота 108:101, 
Мајами – Мемфис 100:97, 
Торонто – Филаделфија 96:76, 
Оклахома Сити – Јута 104:98 (по продолжение).

Пласман Источна конференција: Кливленд 15-7 (победи-порази), Торонто 16-9, Чикаго 13-8, Шарлот 14-9, Индијана 13-9, Мајами 13-9, Бостон 14-10, Детроит 14-11, Атланта 14-11,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-1, Сан Антонио 20-5, Оклахома Сити 16-8, ЛА Клиперс 14-10, Далас 13-11, Мемфис 13-12, Хјустон 12-12, Јута 10-12,...