Тенис
4. July 2017 - 19:31

Победа на Ѓорческа во сингл на фјучрс во Франција

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во францускиот град Денен што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа беше поуспешена во два сета со 2-0 од Елине Бојкенс од Белгија за 90 минути игра.

Во следното коло Ѓорческа која е рангирана како прва носителка на турнирот ќе игра против Малоруи Ноел од Фрнација.

По вчерашниот триумф во сингл Томислав Јотовски попладнево победи и во првото коло во двојки на турнирот во Грузија. Тој и Виктор Филипенко од Унгарија ги победија домашните тенсиери Ваза Шубладзе и Зура Темаладзе  по сетови 6:4 ; 2:6 и 10:6 на поени во решавачкиот сет.