Џет-Сет
18. January 2018 - 12:53

Побара помош: Марија Шерифовиќ не знае како да се бори против болеста

Марија Шерифовиќ има здравствени проблеми, поточно со несоницата која не може да ја победи долго време.
 
Таа јавно се пожали на нејзината состојба и признава дека сака помош.
 
Последиците од несоницата може да бидат доста сериозни. Тие доведуваат до голема психолошка и физичка исцрпеност и драстично ја намалуваат концентрацијата.
 
- Океј, во 2018 година, сакам да ја излекувам оваа несоница, инсомнија која веќе е досадна. Јас едноставно не знам дали да одам кај лекар, поп, билкар, психолог, психијатар, да одам на река или да почнам да медитирам, можеби ќе одам на јога... - напишала Шерифовиќ на социјалната мрежа Инстаграм.