Македонија
7. November 2016 - 16:51

По жестоките рекации, Лилјана Поповска се повлече од пратеничкото место - Сепак добитната позиција останува за ДОМ

После расколот во СДСМ и вчерашниот револт кој се создаде по објавувањето на листите за пратеници, денеска раскол и во опозициската коалиција.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на прес конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ.

Поповска беше поставена на добитната четврата позиција во втората изборна единица при што следуваше жесток притисок од јавноста која ја поддржува опозицијата на социјалните мрежи.

Претседателката на градската организација на СДСМ, Софија Куновска, вчера си даде оставка од таа позиција, откако беа објавени пратеничките листи.