Македонија
20. November 2017 - 12:54

По заматувањето поради дождот, од денеска водата од „Лукар“ повторно безбедна

Водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“ повторно е безбедна за пиење, поради што е вон сила препораката од четвртокот според која водата мораше да се преврива поради заматеност како последица на поројните дождови, информира денеска д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена и раководител на Центар за јавно здравје Кавадарци. 

- Со подобрувањето на временската состојба од една страна и преземените мерки од Центарот и Јавното претпријатие „Комуналец“ од друга страна, сега водата за пиење е безбедна, нагласи тој.

Тоа значи, додаде, дека кавадарчани, но и жителите на Неготино и Росоман, можат слободно да ја пијат водата без претходно да ја превриваат.