Фудбал
18. August 2015 - 16:06

По точно 100 меча сменет тренерот на Ибраими

Екипата на Марибор за која настапува нашиот интернационалец Агим Ибраими остана без тренер откако клубот одлучи да го прекине договорот со Анте Шимунџа кој на клупата на словенечкиот шампион седеше точно 100 меча. 

Чашата ја прели последниот пораз во домашниот шампионат и тоа во Марибор од вечниот ривал Олимпија , убедливо со 3-0. 
Информацијата на прес конференција ја соопшти Златко Заховиќ кој соопшти дека екипата привремено ќе ја води првиот помошник Сашо Гајзер. 
Во јавноста се шпекулира за кам-бек на поранешниот тренер Дарко Миланиќ. 
Марибор да потсетиме беше елиминиран и од квалификациите за ЛШ.