Македонија
10. July 2017 - 17:50

По сторијата на Сител, локалните власти најавија помош за семејството Костадиновски

Сопругот на Даниела ќе биде вработен, а деновиве треба да добијат и струја после шест години. Долгот од половина милион денари за електрична енергија ќе го плаќаат на рати. По сторијата на Сител за семејството Костадиноски од скопски Припор кое пали оган на температури над 40 степени за да зготват нешто за јадење понудена им е помош од локалните власти.

Во саботата Даниела низ солзи раскажа за тешкиот живот. На свеќа основното училиште го завршил нејзиниот 15 годишниот син.

- Сега се запиша 1 година али нема услови да учи. Децата му се смеат не сакаше ни он ни јас да бидат пред камера вика мамо ќе гледат децата и ќе ми се смеат. Ама не може више да се издржи. Некна ми вика ќе си заминам од дома, изјави Даниела Костадиновска.

На оваа 43 годишната  жена и здравјето и се нарушило од секојдневната борба за живот. Успеала да се вработи пред една година, но една третина од платата од 10.000 денари извршители и ја одбиваат за долгот за вода. Не и преостануваат пари за на лекар.

Сите хумани луѓе и инстутуции моѓат да помогнат и на следната трансакциска сметка.

-Трансакциска сметка број: 300007027670018 на име Даниела Костадиноска во Комерцијална банка.