Македонија
23. January 2018 - 11:05

По скратена постапка ќе се менува Законот за референдум

Поради неусогласенот на постојниот текст на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, со текстот на Изборниот законик и Законот за судови, Министерството за правда на Единствениот национален електронски регистар на прописи, објави дека се потребни законски измени.

Во целта на предлог-законот пишува дека измените се потребни поради „надминување на постојните проблеми поради неусогласенот на законското решение со Изборниот законик и Законот за судовите“.

Јавна расправа не е предвидена. Временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.