Свет
13. November 2017 - 11:13

По САД, и ЕУ воведе санкции против Венецуела

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска договорија воведување на повеќе санкции против Венецуела. ЕУ ќе забрани извоз на оружје во Венецуела, ќе го замрзне имотот и ќе им забрани патување на функционери блиски до претседателот Николас Мадуро.

Одлуката на Брисел доаѓа десетина дена откако американскиот Секретаријат за финансии воведе санкции против десет функционери на Мадуро, кои ги обвини за поткопување на демократијата во Венецуела. Според САД, функционерите го девалвирале изборниот процес во Венецуела, ги цензурирале медиумите и потпишувале корумпирани договори во врска со дистрибуцијата на храна во земјата, која со месеци се соочува со глад.

Мадуро ги загуби изборите во декември 2015 година, но ги суспендираше овластувањата на Националното собрание, по што во август годинава, на избори кои ги бојкотираше опозицијата, формираше ново Уставотворно собрание.