Тенис
26. September 2017 - 20:17

По поразот победа за Јотовски во Тунис

Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски по поразот во првиот денешен меч во сингл конкуренција на фјучрсот во Тунис попладнево постигна победа во игра на двојки. Тој заедно со Горан Марковиќ се рангирани како четврти носители и со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови) ги победија Дарко Бојановиќ од БиХ и Андреј Чепелев од Русија. 
Во следното коло ќе играат против Хари Хелиовара од Финска и Иван Зу од САД.
Претпладнево Јотовски во првото коло загуби од Лорен Рошете од Франција со 2-0 во сетови.