Македонија
20. July 2017 - 16:41

По немирната ноќ и утро, предмалку нов земјотрес во Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала попладнево во 16:03 часот повторно го потресе охридскиот регион.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал три километри западно од Охрид, на длабочина од два километри во земјината кора.

Претходно тлото во охридско се тресеше уште двапати и тоа во 3:53 и во 9:22 часот утрово, и двата потреси беа со интензитет од 2,2 степени по Рихтеровата скала.