Свет
4. December 2016 - 9:34

По Фидел Кастро ни улица ни споменик на Куба

Кубанскиот претседател Раул Кастро најави синоќа дека Куба ќе забрани да се подигнуваат споменици и улици да се нарекуваат со името на неговиот брат и симбол на револуцијата Фидел Кастро во согласност со негова желба да се избегне култ на личноста.

Соопштението е објавено по националната жалост поради смртта на Фидел Кастро, а пред денешното поставување на урната со негова пепел во Сантијаго де Куба.

– Лидерот на револуцијата отфрли каков било култ наличноста и во тоа остана одлучен инсистирајќи по неговата смрт неговото име никогаш да не се употреби за имиња на иституции, улици, паркови и други јавни места, и никогаш да не му биде подигната биста, статуа ниту споменик, рече Раул Кастро во обраќање пред голем број луѓе собрани во Сантијаго.

Фидел Кастро почина во минатата недела на 90-годишна возраст. Урната денеска ќе биде поставен во земја покрај мавзолеј на борците за кубанска независност.