Бизнис
14. September 2017 - 19:46

По еден работник неделно го губи животот на своето работно место

Четириесет и два  смртни случаи годишно при повреда на работно место а секоја недела по еден загинат се податоците од македонското здружение за заштита при работа регистрирани во државава. Како најризични професии со најголем број на несреќи остануваат оние во земјоделството ,транспортните дејности ,полицијата ,градежништвото  и одбраната  а на доста високо место се наоѓа и новинарството .

Според надлежните потребно е подигнување на свеста и капацитетите во однос на безбедноста и здравјето при работа .

Инаку пред само два дена во Струга 44 годишен охриѓанец додека извршувал градежни работи ангажиран преку фирма настрада на своето работно место од електричен удар.