Тенис
26. April 2017 - 16:08

По два милиони евра за победниците на Ролан Гарос

Наградниот фонд на овогодишното издание на Ролан Гарос ќе биде зголемен за 12 часот и ќе изнесува 36 милиони евра.
 
Директорот на тенискиот гренд слем Ролан Гарос, Ги Форже, во средата изјавил дека вкупниот награден фонд во однос на минатата година е зголемен за четири милиони евра.
 
Најмногу пари, со зголемениот награден фонд, ќе бидат издвоени за играчите кои настапот ќе го завршат помеѓу првото коло и четвртфиналето (16 отсто). Победниците во сингл, во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2,1 милиони евра, што е за 100.000 евра повеќе од лани.
 
Тенискиот гренд слем Ролан Гарос, ќе почне на 22 мај, а титулите во сингл ќе ги бранат Гарбиње Мугуруса во женска и Новак Ѓоковиќ во машка конкуренција.