Македонија
10. December 2017 - 16:23

По цели 3 години пауза - Утре средба на Нимиц до преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис во Брисел

МНР ги демантира  наводите кои се појавија во дел од медиумите дека на преговорите за името утре и задутре во Брисел  македонската страна ке настапи со тим во кој ке бидат вклучени правни експерти. Форматот истанува ист ,  посочуваат од министерството . Што значи дека на разговорите  покрај Нимиц, ке присуствуваат преговарачите Наумовски и Василакис,  со плус еден дипломат од двете страни.

Пред почетокот на најновгата  рунда , Нимиц за Независната Балканска новинска агенција изрази надеж дека овојпат  ке бидат надминати  црвените линии поставени од Атина и Скопје.

Оптимист е и премиерот Заев.

– Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото,

Позитивни случувања во однос со името во текот на наредната година очекува и грчкиот премиер , но, како што вели,  само ако  Скопје одлучи да направи чекор напред.

Според грчките медиуми можно  е Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Последната формална рунда разговори на медијаторот со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.