Џет-Сет
19. March 2018 - 14:40

По бизарно од ова нема: Испливаа делови од тестаментот на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан е една од најпознатите старлети на светот, а толкава популарност и донесе и посебен статус во општеството, а она од што не сака да се одрече до самата смрт е убавината.

Исплива дел од тестаментот кој Ким го составила сега иако има само 37 години. За „Вог“ таа откри што има во него.

„Во еден дел од тестаментот пишува дека, доколку бидам смртно болна или неподвижна, морам да изгледам дотерано. Дури и ако не можам да зборувам, ако вршам нужда во пелена, косата, ноктите и шминката мора секогаш да се на место. Сакам да изгледам најдобро што можам до самиот крај“, призна Ким и ги шпкираше фановите ширум светот.