Македонија
13. July 2017 - 16:42

По 6 години семејството Костадиноски конечно доби струја

Светна сијалица во домот на Костадиноски. Семејството од скопски Припор после шест години доби струја.

По сторијата на Сител дека и на плус 40 палеа оган за да зготват нешто за јадење многу хумани луѓе и институции им помогна повторно да имаат нормални услови за живот. 

- Мислам дека се наоѓам во друга куќа, ова е нов почеток за мене, нов живот исто како повторно да сум се родима. Се израдува и моето дете среќно е како и сите други деца, вели Даниела Костадиноска. 

Долгот за струја кој со каматите достигнал околу половина милион денари ќе го плаќаат на рати. А локалните власти ветиле вработување на сопругот на Даниела. 

- Плативме за приклучок и се договоривме со ЕВН да плаќаме на рати и ни овозможија на помали рати да плаќаме за да можеме да функционираме, доддае Костадиноска.

Даниела најмногу е среќна што нејзиниот 15 годишен син од септември нема да мора да учи на свеќа. Со насмевака не испрати од нејзиниот скромен дом.