Македонија
21. October 2015 - 15:51

По 1000 денари плус такси за протестот на средношколците?!

Помал број на средношколци повторно изманипулирани од таканаречениот Средношколски пленум под мотото „Борбата продолжува“ денеска протестираа низ главниот град. Меѓу учениците чиј број изнесуваше меѓу 300 и 400 лица, видно беше присуството на стари лица и пензионери.
За разлика на протестите од пред неколкумесеци, денеска можеше да се забележи значително помал број на ученици. Меѓу учениците кои протестираат можат да се забележат и голем број на постари лица, кои се обидуваа да ги збијат редовите.

penzioneriii

penzineriii

33penzioneriii

Нелегитимниот Средношколски пленум, организација која не е регистрирана и легална,  а која сама на себе си го дава правото како претставник на средношколците исто како и пред неколку месеци повторно стои зад организација на истите.

Она што е се појасно е дека зад ваквите пленуми стои политичка злоупотреба на најмладите, односно Пленумите стануваат продолжена рака на најголемата опозициска партија СДСМ, финансирани од организации блиски до СОРОС.

Доказ за тоа е и комуникацијата меѓу СДСМ и своето членство за организација на протестот.

За скандалот да биде уште поголем читатели ни ја испратија и комуникацијата на Viber за организација на протестите според која, учесниците за присуство добивале по 1000 денари.

Инаку, екстерното тестирање кое се применува во Република Македонија како концепт за проверка на објективноста на оценувањето на наставниците и проверка на степенот на постигнувањата на учениците е меѓународно познат и признат, а го практикуваат 30 европски образовни системи и 24 земји од ОЕЦД.

Процесот во Македонија се спроведува веќе 3 години и ги дава очекуваните резултати. Откако е воведено екстерното тестирање, значително се подигна објективност во оценувањето на наставниците и се намали нереалното пишување оценки, стекнати без труд и заслуга.

За целиот овој период беа разгледувани и прифаќани забелешки, предлози и сугестии кои беа оправдани,  со што неколку пати беа направени корекции во насока на подобрување на системот. Потребата за дел од измените беше увидена од  имплементаторите, но дел и по сугестии и забелешки на засегнатите страни.

Во тековниот период,  Владата најави дека повторно работи на подобрување на екстерното тестирање. Интензивно го подготвува новиот концепт, со кој се очекува надминување на сите отворени прашања од изминатиот период и кој, по финалната формулација, ќе биде предложен на јавна дискусија.

Премиерот Никола Груевски истакна дека се размислува за воведување на некои измени и новитети кои имаат за цел да им се олесни на учениците екстерното тестирање, но сепак да се остварат позитивни резултати. Тој планираните измени ги најави минатиот месец одговарајќи на пратенички прашања.

-Она што сега се размислува е во правец да се даде можност да се полага наместо еднаш во годината да биде два пати или четири пати, да се воведе можност со повеќе проблемски прашања заради разбирање на суштината да се увериме дека ученикот не само што меморирал одредени работи туку добро ја разбрал суштината на материјата. Во овој дел може да дојде до израз и креативноста на учениците, што е исклучително важна работа. Се размислува и за тоа ако ученикот на екстерното  биде оценет  со единица  да може да  преполага доколку сака и воопшто ако не е задоволен од оценката на екстерното да добие шанса за преполагање, истакна Груевски.