Loading Video...
Фудбал
19. November 2017 - 15:42

ПМФЛ: Силекс ја оствари единствената победа на гостите

Фудбалерите на Силекс беа единствените кои се радуваа на триумф на гостински терен во четирите мечеви кои досега се одиграа во ПМФЛ. 
 
На дуелот во Прилеп, кратовци славеа триумф на Победа со 2:0 
 
Тимов со удар од далечина во 20-минута му донесе предност за Силекс од 0-1.
 
Во финишот на првото полувреме Силекс имаше шанса да даде и втор гол, но Талески го одбрани ударот. 
 
Сепак во вториот дел односно 65.минута Ѓорѓевиќ по одличната акција од левата трана, го постигна вториот гол за Силекс за конечни 2:0. 
 
Лидерот на табелата Шкендија лесно и убедливо со 4:0 го совлада Шкупи, а хет-трик на овој меч постигна капитенот Хасани (11, 38 од пенал и 60.минута), а во листата на стрелци се запиша и Бејтулаи (53)
 
Предноста на домашниот терен ја искористи и Шкупи кој со 4:1 ја совлада Ренова, додека Работнички со голот на Сержо Јуниор во четвртата минута од судиското дополнение (90+4) избори реми 1:1 на гостувањето во Струмица кај Академија Пандев. 
 
Попладнево од18 часот на Филип Втори се игра и големото дерби меѓу Вардар и Пелистер.
 
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА 
17.коло
Победа – Силекс 0:2
Шкендија – Скопје 4:0
Шкупи – Ренова 4:1
Академија Пандев – Работнички 1:1
Вардар – Пелистер (од 18 часот.)
 
ТАБЕЛА: 
1. Шкендија 40 бода, 
2. Вардар 26 (-3 натпревари помалку), 
3. Академија Пандев 25, 
4. Силекс 25, 
5. Работнички  20 (-1), 
6. Шкупи 18 (-1), 
7. Ренова 17, 
8. Пелистер 15 (-1), 
9. Победа 15, 
10. Скопје 9 (-1)