Џет-Сет
26. April 2017 - 22:11

„Плус сајз“ сакајки да биде секси се струполи на црвениот тепих

Најпознатата светска „плус сајз“ манекенка едвај избегнала незгода на црвениот тепих на гала вечерта на магазинот „Time“ во Њујорк, додека им позирала на многубројните фотографи.
29 – годишната Ешли Грејем позирала во елегантна, долга, црна тоалета со висок шлиц во која ги покажала своите познати облини. Славната „плус сајз“ манекенка на нозете носела сандали со високи потпетици кои за малку ќе предизвикале катастрофа.

Позирајќи на црвениот тепих на гала вечерта на магазинот „Time“, Ешли одеднаш изгубила рамнотежа и почнала да паѓа. За среќа, се снашла набрзина, па спречила да падне точно на лице.

Моментот го фатиле фотографите, а Ешли по избегнатата незгода им се насмеала пред објективите.

На гала вечерта се појавила со својот сопруг Џастин Ервин, со кој е во брак веќе седум години.
Манекенката неодамна ги воодушеви своите многубројни следбеници на социјалните мрежи со снимка на која танцува во долна облека. Фановите и` порачале дека е „божица“.

Откако се прослави и почна да ги краси насловните страници на светски познатите магазини како „Sports Illustrated”, Ешли запливала и во претприемничките води и така издала и сопствена линија на долна облека за жени со облини.