Пловат воени бродови - се закнува ли војна меѓу Грција и Турција? Кризата на Егејот на работ, премиерите итно на разговор
САД синоќа ги повикаа Грција и Турција за намалување на тензиите во Егејското Море, по инцидентот при кој турски патролен чамец се судри со брод на грчката Крајбрежна стража во реонот на двата мали острови Имија/Кардак, за чии суверенитет спорат двете земји.
Во соопштение на американскиот Стејт департмент се посочува дека двете земји треба да најдат билатерално решение за спорот.
- Вашингтон го поддржува суверенитетот на сите земји во регионот, вклучително и на Грција и Турција и ги повикуваат двете држави да преземат мерки што ќе доведат до смирување на сегашната состојба, се додава во соопштението на Стејт департментот.
Инцидентот се случи завчера во 23.40 часот по локално време во реонот на Имија/Карадак, кога турско патролно пловило удри во брод на грчката Крајбрежна служба, при што е предизвикана само материјална штета, но не е повреден ниту еден од членовите на двата екипажи.
Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи вчера упати демарш до неговиот турски колега во врска со инцидентот. Истовремено, во грчкото Министерство за надворешни работи беше повикан и турскиот амбасадор во Атина.
- Опасни инциденти како овој, што ги ставаат во опасност човечките животи, се резултат на интензивното и провокативното однесување на Турција, што е зголемено во последните денови. Турција мора да запре со прекршувањата на меѓународното право и со постапките кои не придонесуваат за развој на односите меѓу двете земји, постапки што ја поткопуваат регионалната безбедност и стабилност, кои Грција ги брани и ќе продолжи да ги брани, соопшти грчкото Министерство.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп