Македонија
28. August 2016 - 16:59

Пливањето го штити здравјето

Црвениот крст од Велес го едуцира населението за заштита од срцеви заболувања. Освен повозрасните, активистите на Црвениот крст со кампањата ги опфаќа и младите.

Се апелира во текот на летото, интензивно да се применува пливањето како спортска активност.

И Светската здравствена организација советува оти рекреативните спортови на вода придонесуваат за намалување на кардиоваскуларните болести.

Од општинскиот Црвен крст во Велес објаснуваат оти физичката неактивност е главна причина за појавата на висок крвен притисок, дијабетот и високото ниво на холестерол.

До крајот на годинава велешкиот Црвен крст ќе спроведува кампањи за заштита на здравјето на населението.

Во следните месеци ќе ги советуваат граѓаните за штетноста од цигарите и користењето на алкохолот.