Свет
28. јуни 2017 - 13:23

Плишана крава му спасила живот на дете - Еве како

Луис Едуардо Гомез, двегодишно дете од Челсеаја во Масечусетс, паднал од прозор од втор спрат, а животот му го спасила голема плишана играчка која ја држел црвсто.

Детето скокало по својот кревет и во еден момент премногу силно отскокнало и излетало од прозорот. За цела среќа детето држело голема плишана играчка крава, на која паднал и таа му го ублажила падот. Плишаната крава е долга 60 сантиметри.

- Детето паднало на бетон од втор спрат од 5 метри височина. Лесно можело да скрши повеќе коски или да биде сериозно повредено. Бил свесен кога стигнала Брзата Помош и констатирани се само мали повреди. Има изгребаници и набивања, но мислам дека ќе заздрави, изјави заменик шефот на против пожарна служба

Луис со семејството од Гватемала се преселил во Америка пред пет месеци, а неговиот вујко вели дека плишената крава му е омилена играчка и дека од неа никогаш не се одделува.